Сојуз на борци: Ова е срам за државата и градот

25.08.2011 11:33 | KumanovoNews

 Претседателството на Општинскиот одбор на Сојузот на борците од НОБ и антифашистичката војна на Македонија денеска од својата седница упати остра реакција до јавноста и до надлежните државни и општински фактори со осуда на, како што се вели во соопштението, грозоморниот вандалски чин врз Спомен-костурницата на паднатите борци во НОБ, направен ноќта на 21 спрема 22 вгуст.

Сојуз на борци: Ова е срам за државата и градот

„Во објектите на Спомен костурницата оштетени од страна на засега сеуште непознати сторители, почиваат коските на стотици наши борци кои ги дадоа своите животи за слободата на Македонија, како и коските на петмина народни херои од Куманово: Христијан Тодоровски-Карпош, Перо Георгиевски-Чичо, Киро Фетак, Бајрам Шабани и Боро Петрушевски-Папучар. Претседателството на Општинскиот одбор на Сојузот на борците бара од надлежните државни органи, во прв ред на Министерствиото за внатрешни работи итно да бидат откриени и најстрого казнети сторителите на овој безумен чин со кој се искршени вратите и горниот мермерен раб на двете крипти, како и мермерот од платото на објектот. Од Министерството за култура на РМ - Управа за заштита на спомениците на култура во Скопје бараме веднаш  да преземе мерки за санација на направената штета, бидејќи Споменкостурницата е под невина надлежност и е споменик на културата од прв ранг- велат борците.

    Тие наведуваат дека невиден срам и скандал ќе биде и за градот Куманово како град првоборец доколку вандалите продолжат со своите криминални дејанија врз објектите на Спомен-костурницата.

Инсистираме да се постави физичко обезбедување на ликалитетот. Во насока на санирање на штетата и обезбедување на споменикот очекуваме соодветно ангажирање и на градоначалникот на Куманово и локалната самоуправа преку своите комунални претпријатија‘‘ - се вели во реакцијата на Општинскиот одбор на СЗБ на Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk