Сокрила марихуана во поштенско сандаче - полицијата ја уапсила

05.03.2020 14:25 | KumanovoNews

СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против М.К.(24) од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Сокрила марихуана во поштенско сандаче - полицијата ја уапсила

На 17.10.2019 во влез на зграда на ул.„11 Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја забележале пријавената како во поштенско сандаче остава сомнителен предмет.

По извршен преглед, во поштенското сандаче била пронајдена марихуана, по што М.К. била лишена од слобода.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk