„Солени„ елки

21.12.2010 10:32 | KumanovoNews

 На централниот плоштад пред некој ден пристигнаа новогодишните елки од расадникот на ЈП „Чистота и зеленило„ како знак дека полека но сигурно наближува најдолгата и највесела ноќ во годината.

„Солени„ елки

Веќе прочитавме дека традиционалниот Дедо мраз во Куманово ќе се спушти од небото со падобран. Лено му е на стариот волшебник бидејќи тој незнае што е тоа рецесија и сиромаштија, но продавачот покрај камионечето со елки се жали дека пазарот мошне лошо му оди. „Ѕемнам на студов од утро до вечер, но ретко кој се фаќа за џебот да си купи елка. А којзнае, можеби сеуште е рано. Додуша, и нема пари народот. Што попрво да купи, леб или да се луксузира со новогодишна елка„ - гласно размислува момчето со елки. Инаку, едно стебло чини 700 денари, со тоа што не е само за еднократна употреба како пластичните елки, туку по новогодишната ноќ од топлата соба може да се пресади во дворот или во најблискиот парк.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk