„Солидарност“ со кампања за поддршка на бегалците во Куманово

04.11.2015 15:13 | KumanovoNews

Активисти на Левичарското движење „Солидарност“ вчера залепија плакати низ Куманово, како дел од кампањата што ја започнуваат за поддршка на бегалците.

„Солидарност“ со кампања за поддршка на бегалците во Куманово

Кампањата има за цел да поттикне размислување за суштинските проблеми кои ги тераат бегалците да ги напуштаат своите земји.

Првиот дел од кампањата се состои од лепење постери низ градовите во Македонија, а вториот од организирање работилници за разговор на овие теми со младите. Предвидена е ваква работилница и во Куманово, кон крајот на ноември или почетокот на декември - велат од „Солидарност“.

Се надеваат дека кампањата ќе ја подигне свеста за потребата од слободно движење на сите луѓе во светот и ќе помогне во борбата против  ксенофобијата и омразата кон различните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk