„Сонце и дожд„ на струмичкиот карневал

14.03.2016 10:17 | KumanovoNews

 Кумановските средношколци ги освоијаа симпатиите на посетителите на каренвалот што викендов се одржа во Струмица.

„Сонце и дожд„ на струмичкиот карневал

Тие се преставија со маската „Сонце и дожд„ која беше доста креативна. Одлично изработена од текстил и декоративни елементи и со музичко сценскито настап, средношколците ја пренесоа пораката за климатските промени и да не  се уништува атмосферата.

На карневалот учествуваа педесетина ученици од четирите средни ученици од градот: гимназијата, техничкото, економското и земјоделското училиште. Тие учествуваат традиционално на каренвалот последните 5-6 години, а наспатија на главната вечер во сабота. Минатите две години кумановските средношколци за своите маски добија и награди.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk