Сончево и топло до крајот на неделата

21.10.2019 09:29 | KumanovoNews

Времето, денес ќе биде сончево и ведро со температура која ќе достигне и до 28 степени, информираат од УХМР.

Сончево и топло до крајот на неделата

Во вторник, во утринските часови се очекува до 11 часот температурата да достигне до 19 степени, а веќе во попладневните часови максималната температура ќе се искачи до 26 степени, за во текот на вечерта да падне на 13 степени.

Во среда, исто така се очекува ведро и сончево време, со температура до 18 степени до 11 часот, а во попладневните часови до 25 степени, за во текот нма ноќта, исто така да падне на 13 степени.

Во четврток и петок се очекува  ведро и сончево време, со утринската температура која до 11 часот да се движи помеѓу 17 и 18 степени, за во попладневните часови да достигне наксимална температура до 24 степени, а во текот на вечерните часови температурата да падне на 11 степени.

Слично време не очекува и за викенд.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk