Сончево и топло со локална облачност

31.05.2017 06:49 | KumanovoNews

Денеска времето ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен западен ветер.

Сончево и топло со локална облачност

Попладне во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурата ќе се движи, минималната од 6 до 12 а, максималната од 22 до 30 степени.

До четврток ќе преовладува стабилно и топло време со пораст на температурата на воздухот. Во попладневните часови во планиските предели е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Потоа од петок нашето подрачје ќе потпадне под влијание на серија од влажни воздушни бранови кои ќе условат пороен дожд со грмежи, а дневната температура благо ќе опадне.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk