Соња Тодоровска е нов секретар на СДСМ Куманово

12.02.2025 21:16 | KumanovoNews

Соња Тодоровска е избрана за секретар на општинската организација на СДСМ, на денешната седница на Извршен одбор.

Соња Тодоровска е нов секретар на СДСМ Куманово

Тодоровска  е долгогодишен член на СДСМ и низ годините има извршувано повеќе функции во партијата како што се: кординатор на Форум на жени на ОО СДСМ Куманово, член на Централен одбор, член на Извршниот одбор на Форум на жени, регионален координатор за Изборна единица 2 на Форум на жени.

Таа еден мандат беше советник од редовите на СДСМ во Советот на општина Куманово, како и помошник директор во СОУ "Гимназија Гоце Делчев".

Тодоровска работи како професорка по македонски јазик и литература во “СОУ Гимназија Гоце Делчев“ Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk