Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Соња Тодоровска е новата в.д. директорка на гимназијата „Гоце Делчев“, откако вчера од функцијата беше разрешен досегашниот директор Горан Димитриевиќ, поради скандалот со разголените фотографии објавени на социјалните мрежи.
Тодоровска е професор по македонски јазик и литература и три години заменик директор во училиштето, а ќе ја води институцијата до објавувањето на конкурс за избор на нов директор.
„Ветувам дека ќе го употребам целокупното мое знаење како наставник и како помошник директор во гимназијата, стекнато до сега во успешно раководење во училиштето, затоа што гимназија „Гоце Делчев“ е најдоброто училиште во градот и меѓу најдобрите гимназии во дражавата и само така треба да продолжи. Ќе се трудам што поуспешно да раководам со училиштето и ќе чекориме по патот на успесите и резултатите на нашите ученици – изјави Тодоровска.
Новата директорка вчера беше промовирана во кабинетот на градоначалникот Зоран Дамјановски, кој и посака многу успех на новата функција и вети подршка од општината Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk