Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Информациите што се проширија во градот дека во понеделник ќе ќе заврши штрајкот и ќе започне наставата во училиштата, не се точни.
Од Регионалниот просветен синдикат ги отфрлаат овие информации и тврдат дека штрајкот ќе трае додека не се исполнат нивните барања.
“Тоа се само гласини кои се шират во градот и не се точни. Засега нема ништо такво, и штрајкот си продолжува се до исполнување на нашите барања. Додека трае штрајкот родителите нема потреба да ги праќаат децата на училиште. Ако во меѓувреме има промени, родителите преку соопштение во медиумите ќе бидат известени“ - изјави Селајдин Дестани, претседател на Регионален просветен синдикат.
Наставниците испорачаа барања до ресорното министерство, од кои најважни се покачување на платите за 25 отсто и укинување на казните од екстерно тестирање.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk