Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај м.в.„Просечник“ кај селото Псача, сообраќајот од 9.10 часот се одвива наизменично на една коловозна лента, соопштуваат од АМСМ.
Сообраќајната незгода се случила во 8.15 часот, па сообраќајот бил во целосен прекин околу еден час.
На сите останати државни патишта сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk