Сообраќајна несреќа кај селото Облавце, има загинати и повредени

10.08.2019 13:21 | KumanovoNews

Едно лице загинало, а четири се тешко повредени во сообраќајна несреќа што околу 14 часот се случила на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај селото  Облавце.

Сообраќајна несреќа кај селото Облавце, има загинати и повредени

 Според неофицијални информации дошло до судир на три возила, од кое едното е шлепер, кој се запалил и од местото на несреќата се крева густ чад.

Од СВР Куманово, сеуште немаат прецизна информација за сообраќајката бидејќи екипите се на увид,  но потврдија дека во несреќата учествувале три возила, шлепер со турски регистарски таблички, џип со бугарски таблички  и „алфа ромео“ со кумановска регистрација.

Причините за несреќата не се познати.

На терен се две противпожарни возила од Куманово и едно од Старо Нагоричане, кои го гаснат пожарот.

АМСМ информира дека во 14:15 часот сообраќајот на магистралниот пат А-2 Куманово – Крива Паланкa, кај селото Облавце е во прекин поради сообраќајна незгода.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk