Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози, а во западниот дел наместа со остатоци од снег по интервенција на екипите на Македонија пат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Извршена е измена на режимот на сообраќај на делница автопат Куманово-Скопје воа Миладиновци. Затворена е за сообраќај лентата за застанување каде се одвиваат градежни работи, а сообраќајот се одвива по брзата и средната лента.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.
Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk