Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На сите магистрални и регионални патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.
Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.
Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 100м во Страцин и на планинскиот премин Буково.
На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетувања на коловозот брзината е ограничена на 40 КМ / h.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk