Сообраќајот во прекин - ќе се асфалтира улицата пред „Туш“

15.06.2017 15:42 | KumanovoNews

Дел од улицата „Ѓорче Петров“, поточно од раскрсницата на булеварот „Октомвриска револуција“ до надвозникот во населбата „Перо Чичо“, утре нема да биде во функција поради реконструкција и асфалтирање на коловозот.

Сообраќајот во прекин - ќе се асфалтира улицата пред „Туш“

Од Општина Куманово ги известуваат граѓаните од населбите и тој дел од градот да користат други улици и околни патишта кон централното градско подрачје, за да не се создава сообраќаен метеж и нервоза кај возачите.

По завршување на реконструкцијата на улицата пред „Туш“ сообраќајот повторно ќе се нормализира.

 Во општината Куманово во тек е реализација на проектот за летно одржување и реконструкција на патната инфраструктура на градот, поради што се работи на повеќе локации.                               

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk