Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Осум сопруги на амбасадори и воени аташеа во Република Македонија, денеска ја посетија општината Куманово.
Целта е да се запознаат со културното наследство во регионот и да посетат неколку стопански субјекти во градот.
Во посета по втор пат ни се претставнички од амбасадите на Холандија, Грција, Италија и Франција. Целта на посетата е да се запознаат со знаменитостите и бизнисот Куманово. Ние се гордееме што сме мултиетнички град и сложно живееме. Се надавм дека тие ќе пренесат позитивните пораки од тука“, - рече секретарот на Општината Валентина Алексовска.
Првите дами на странските амбасади беа задоволни од пречекот и агендата за прошетка што ја предвидел домаќинот.
Овде сум по втор пат и чест ми е што ги претставувам сопругите на амбасадорите и сопругите на воените аташеа. Ова е единствениот град во кој гостувам по втор пат. Минатата година ја посетивме црквата Свети Никола, а оваа година ќе ја посетиме според мене најубавата и најстарата црква Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане. Ќе посетиме неколку економски субјекти и фабрики и се надевам дека посетата ќе биде интересна,- изјави Матилда Бенели, сопруга на амбасадорот на Италија во Македонија.
Посетата ја организираше Здружението „Добредојдовте во Македонија“.
„Ние како здружение ја промовираме Македонија, нејзиното културно-историско наследство кај претставниците на меѓународната заедница. По вторпат сме гости на општина Куманово и ќе имаме можност да посетиме неколку споменици и стопански субјекти во градот,“- изјави Емилија Миладинова Врапчева.
Сопругите на амбасадорите ќе посетат две чевласки фабрики, црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане и меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk