Сопружници починале откако со автомобил паднале од мост во Крива река

27.05.2024 12:25 | KumanovoNews

Автомобил паднал од мост на Крива река, при што загинале две лица.

Сопружници починале откако со автомобил паднале од мост во Крива река

Според МВР, несреќата се случила вчера во 07.55 часот на локалниот пат кој води од с.Коњух кон с.Бељаковце, кај место викано „Ракле“, кратовско, патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ј.(75) од с. Марино, општина Илинден, излетало од коловозот и паднало во реката Крива река. 

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата сопатничка С.Ј.(76) од с.Марино. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен oбвинител телата на починатите биле предадени на обдукција. 

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.    

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk