Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Викендов во Кратово ќе се одржи културната манифестација Шопска свадба, која што ја организира кумановското здружение Етно ризница.
Целта на манифестацијата е да се зачуваат од заборав обичаите и традицијата на свадбените веселби од североисточниот регион.
Манифестацијата ќе започне во 16 часот со венчавање на младите во цркавата Св. „Јован Кратовски„, а во 19 часот во Музејот на Кратово ќе се отвори изложба на карикатури на тема Снаа-свекрва. Во 20 часот ќе се одржи концерт на ансамблот Македонија во Центарот за култура во Кратово.
Во недела во 11 часот ќе започне главната манифестација „Шопска свадба“ на локалитетот Камени кукли во село Куклица.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk