Соработка на младите на ДПСМ и ДПС

07.03.2011 11:21 | KumanovoNews

Делегација на младите на Демократската партија на Србите во Македонија присуствуваше на десетото редовно собрание на младите на Демократската партија на Србија  во Белград.

Соработка на младите на ДПСМ и ДПС

На собранието се обратил претседателот на младите на ДПСМ Далибот Китановиќ, кој искажал задоволство  од досегашпната соработка, и  најавил дека истата успешно ќе продолжи во наредниот период.

Членовите на делегацијата се сретнала и со поранешниот премиер на Србија и претседател на ДСС Војислав Коштуница.

Раководството на младите оствариле средби и со представниците на Демократската заедница на младите на Европа, младите на Нова Демократија од Грција,  младите од партијата Напред од Италија, младите на Српска демократска странка од Република Српска и представниците на Младара гарда на партијата на Владимир Путин Единствена Русија како и со потпретседателот на Општината Вождовац.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk