Соренсен ќе помогне за побрз развој на регионот

05.04.2011 12:48 | KumanovoNews

 Денеска во Локалната самоуправа во Куманово претстојуваше Питер Соренсен, висок претставник на Канцеларијата Европската унија во Република Македонија.

Соренсен ќе помогне за побрз развој на регионот

Ова е прва негова официјална посета во Куманово. Тој за време на  претстојот оствари средба со градоначалникот Зоран Дамјановски, а потоа и со и со претставници на политичките партии во Советот на Општината.

„Гостинот на средбата се интересираше за функционирањето на Локалната самоуправа, а главна тема беше децентрализацијата и регионализацијата во Република Македонија. Сведоци сме дека Европската унија на овие два процеса им даде силна поддршка и поттик, и помогна во импементацијата на многу закони за зајакнување на локалната самоуправа и реализација на многу проекти. Господинот Соренсен се интересираше и за имплементацијата на Законот за рамномерен регионален развој. Јас како претседател на регионалната заедница за стопанскиот развој го информирав за состојбите и за тоа дека неможе да се замисли натамошниот развој на демократијата и натамошната интеграција на Македонија во Европската унија без целосна имплементација на овој закон. Се надевам дека тој ќе даде силен поттик на натамошната мониторинг мисија и корекција на некои од законите во делови што би придонеле за побрз развој на регионалните заедници‘‘ – изјави градоначалникот Дамјановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk