СОРОС финасира проект во “Христијан Карпош“

25.02.2013 10:47 | KumanovoNews

 Основното училиште “Христијан Карпош“ ќе реализира неколку интеркултурални работилници, форум театри, а ќе изработи витраж и ограда со пари добиени од проект на СОРОС.

СОРОС финасира проект во “Христијан Карпош“

Проектот ќе почне во март а ќе трае до мај. За оваа намена ќе бидат потрошени 2000 евра.

Ќе направиме украси за ограда со елементи од различни етникуми. На часови по ликовно ќе се направи витраж со бои кои ќе асоцираат на македонската и ромската етничка заедница. Ќе има четири форум театри на кои ќе се дискутира за проблемите во училиштето и како тие се разрешуваат. Ќе се вклучат наставници, ученици и родители - вели Лидија Костиќ, директорка на училиштето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk