Состојбата со коронавирусот во Куманово е повеќе од алармантна, вели градоначалникот Димитриевски

18.03.2021 20:55 | KumanovoNews

Во Куманово досега се регистрирани околу 5400 позитивни случаи, а 151 кумановец ја изгубил битката со коронавирусот. На ковид одделенијата во Кумановската болница хоспитализирани се 54 лица, уште 50 болни ги користат услуги на дневната болници. Во моментов има само 21 слободен кревет во ковид центрите.

Состојбата со коронавирусот во Куманово е повеќе од алармантна, вели градоначалникот Димитриевски

Градоначалникот Максим Димитриевски смета дека состојбата со коронавирусот во Куманово е повеќе од алармантна и бројките на новозаразени постојано растат.

 „Оваа година во месец јануари имавме 534 позитивни, во февруари 403, во март 479. Тоа значи дека бројките во овој месец енормно се зголемени. Ако ги споредиме со минатата година, кога во март имавме 50 позитивни случаи, а овој месец имаме до средина на март 479 случаи значи дека состојбата е повеќе од алармантна и сметам дека треба да се превземат и посериозни мерки во делот на спречување на ширењето на ковид кризата. Првенствено тие мерки зависат од самите нас граѓаните, но и од тоа што надлежните институции ќе го дадат како одредено задолжување на граѓаните во делот на однесувањето и почитувањето на мерките“, истакна Димитриевски.

Досега во Куманово се вакцинирале околу 100 вакцинирани здравствени работници.

Градоначалникот смета дека пандемијата не освести што всушност значи јавното здравство и зошто во поранешната држава толку многу се инвестирало во него.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk