Советниците бараат јавно веце

12.12.2013 13:26 | KumanovoNews

Советниците денеска повторно го актиелизираа проблемот со недостаток на јавни тоалети во градот.

Советниците бараат јавно веце

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Мирослав Стојановски го праша градоначалникот Зоран Дамјановски кога градот конечно ќе добие јавни тоалети.

Грда слика е што секое затскриено ќоше се претвора во јавен тоалет, бидејќи граѓаните нема каде да ги извршуваат физиолошките потреби. И самиот се срамам кога ќе поминам на тоа место, ама кутрите и тие се срамат, но што да прават кога се во зорт. Општината сигурно има толку пари тоа да го оствари. Ова прашање ќе го поставувам на секоја седница додека нешто не се преземе - рече Стојановски.

Градоначалникот Зоран Дамјановски се правдаше дека тој не е виновен што јавните тоалети што ги имаше градот пред 15 години се претворени во дуќани, и најави дека клозети ќе има дури откако ќе се изгради административната зграда на локалитетот Чоробенско ќоше.

Три години ме ни даваат трајно корисничко право на земјиште на Република Македонија за административни содржини и како да почнеме да градиме. Имаше идеја од граѓаните да се закупат некои приватни простории и да се направи јавно веце, но за тоа треба пари од буџетот и согласност од Советот - вели градоначалникот.

Советникот Стојановски како локација каде може да се смести јавниот тоалет го посочи Занаетчискиот дом.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk