Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците денеска побараа од командирот на полициската станица од општа надлежност во СВР Куманово, Игор Митевски да се реши сообраќајниот хаос во градот.
Според нив неправилното паркирање, неприлагодената брзина, необелените пешачките премини, се само дел од проблемите кои што треба што поскоро да се решат.
Претседателот Максим Димитриевски, упати критики за однесување на дел на униформираните полицајци, кои ги кршат сообраќајните правила.
„Наместо да бидат пример на граѓаните тие се движат во спротивна насока во улиците, се паркираат со службените возила на јавни површини. Во Кумановската полиција владее анархија, но има и професионалци. Градот е во сообраќаен хаос кој никој не го решава. Загрозена е безбедноста на граѓаните. Треба да се дисциплинираат возачите, и да се делува репресивно а не само превентивно“, - рече Димитриевски.
Тој предлага акција со ЈП Паркинг за отстранување на неправилно паркираните возила.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk