Советниците дадоа согласност да се издаде под закуп парастос салата

04.07.2018 12:12 | KumanovoNews

Советниците денеска без расправа го изгласаа предлогот за издавање под закуп на парастос салата на градските гробишта, со кое стопанисува ЈП „Чистота и зеленило“ Куманово.

Советниците дадоа согласност да се издаде под закуп парастос салата

Директорот Даниел Стојчевски, вели дека постапката за издавање на салата ќе започне уште во текот на неделата.

„Почетна цена ќе биде 67.800 на месечно ниво или над 800.000 на годишно ниво. Постапката ќе се изведе електронски, фер и транспарентно, а ќе се избере најдобриот понудувач“ - тврди Стојчевски.

Повеќе угостители најавиле дека се заинтересирани за салата и ќе учествуваат на аукцијата.

Стојчевски, пред неколку дена изјави дека основна причина поради која ја издадат парастос салата е затоа што повеќе ќе заработат од кирија отколку сега кога стопанисуваат со салата, затоа што не се конкурентни на пазарот поради долгите тендерски постапки.

Во парастас салата работеле 5 вработени, кои ќе бидат распоредени во другите работни единици.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk