Советниците ги посетија поплавените семејства

20.11.2014 09:36 | KumanovoNews

Неколку советници од СДСМ и НСДП во Советот на општина Куманово, денеска ги посетија поплавените семејства во населба Средорек, улицата Никола Тесла и населбата Доброшане.

Советниците ги посетија поплавените семејства

При тоа се уверија дека граните претрпеле големи штети во куќите, а голем дел од покуќнината е уништен.

“На некои мебел им е уништен, на други возила. Како што гледате и самите се е поплавено. Вчера од 10 до 12 часот водата се повлече за 1 метар„ - вели Цветко Јовановиќ, претседател на месна заедница “Никола Тесла“.

Претседателот на Советот, Максим Димитриевски, апелираше до локалната и централната власт, поплавите да ги спречат наместо да ги санираат.

“Оваа прилика ја користам да упатам критика до сите надлежни институции и на централно и на локално ниво, кои што и покрај ваквите поплави, остануваат пасивни. Не преземаат соодветни превентивни дејствија за да си го заштитиме населението, нашите граѓани, да не им се случуваат вакви појави. Во најголем дел поплавените објекти се дивоградби, но сепак тие се наоѓаат тука. Доколку државата и општината не нашле начин во самата градба да ги стопираат, тогаш се надлежни да го регулираат речото корито“ - кажа Димитриевски.

Тој смета дека со регулација на речното корито и со изградба на кеј, овие проблеми ќе станат минато.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk