Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата откако градоначалникот Зоран Дамјановски повеќе од половина час одговараше на поставеното прашање на советникот Максим Димитриевски за постапката за организирањето на училишниот превоз во градот.
Координаторот на советничката група Драган Петковски образложи дека тие ќе ја напуштата седницата, бидејќи градоначалникот ја користи за сопствен маркетинг.
„ Нашата советничка група одлучи да ја напушти седницата затоа што градоначалникот ја користи седницата за сопствен маркетинг за нарачани прашања. Своите прашања ќе гоставиме до службите во писмена форма, а нашата одлука ќе ја образложиме на прес-конференција„, - рече Петковски.
Откако ја соопштија одлука советниците си заминаа од салата.
Градоначалникот Дамјановски искоментира дека не е првпат советниците на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да напуштаат седница, иако општината Куманово е единствена во државата каде градоначалникот и локалната администрација одговара на прашања на советниците.
Откако беше утврдено дека има кворум, седницата за советнички прашања продолжи без опозицијата.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk