Советниците од опозицијата не го испрашуваа градоначалникот

27.11.2014 14:56 | KumanovoNews

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери, на денешната седница на Советот не ја искористија можноста да поставуваат советнички прашања.

Советниците од опозицијата не го испрашуваа градоначалникот

Прашања на градоначалникот и општинската администрација упатија само советници од ГРОМ, СДСМ, НСДП, ДУИ, ДПА и НДП, па седницата заврши за еден часа.

“Не можам да ги разберам советниците на опозицијата, бидејќи ваквите седници се во интерес на нашите граѓани, на нашата општина и да се даде поголема можност на советниците да поставуваат прашања. Денеска истите апстинираа и одговорот треба да го дадат самите. На мене како претседател или прв меѓу еднаквите обврска ми е да дадам еднакви можности на сите советници, соодветно да делуваат и да ги претстават граѓаните“ - изјави претседателот на Советот Максим Димитриевски.

Од ВМРО - ДПМНЕ кусо одговорија дека утре на прес - конференција ќе образложат зошто не поставија ниту едно советничко прашање.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk