Советниците учествуваа во соседски патроли

24.08.2015 08:55 | KumanovoNews

Сите 33 советници од Советот на општина Куманово во текот на јули и август, заедно со полицијата учествуваа во соседски патроли.

Советниците учествуваа во соседски патроли

Ги посетија месните заедници Тоде Мендол, Железничка станица, Б.С.Гојчо и други места, каде имаа можност лично да поразговараат со граѓаните за нивните проблеми. Овие активности се во рамки на проектот “Полиција и граѓаните заедно“.

Членовите на Советот заедно со полицаец позорникар и полицаец од отсекот за превенција ги посетуваа граѓаните, разговараа отворено за секојдневните проблеми. Сакам да нагласам дека едни од најспомнуваните проблеми на територија на нашата општина од страна на граѓаните се токму сообраќајниот хаос, уличното осветлување, нарушување на јавниот ред и мир, пукањето на семејни веселби, недостиг на лежечките полицајци и комуналниот ред и хигиена - вели Максим Димитриевски, претседател на Советот на општина Куманово.

Соседските патроли продолжуваат да се реализираат и во наредниот период.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk