Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советничката на ВМРО-ДПМНЕ во советот на општината Злата Божиновска го повика градоначалникот Зоран Дамјановски да се прошета по заледените тротоари во градот, за да види колку се безбедни граѓаните додека ги извршуваат своите секојдневните обврски.
„Цел месец е алармантна состојбата во Куманово, по паѓањето на снегот.Го прашувам нашиот градоначалник како може мирно да спие кога по десетици луѓе дневно се здобиваат со скршеници. Нека излезе по тротоарите во центарот на градот да види колку се безбедни нашите граѓани. Нека прошета покрај градинките и училиштата да види колку е безбедно движењето на децата. Тоа го кажувам и од свое лично искуство,„ - вели Божиновска.
Советничката се повредила во понеделникот додека одела по тортоар пред Општинскиот суд. Скршен и е зглобот на раката и имам големи болки. Ќе го тужи градоначалникот за да го натера сериозно да ја сфати работата и да влијае на фирмите за зимско одржување на улиците и јавните претпријатија што побрзо да ги исчистат јавните површини заради безбедност на граѓаните.
„По 20 години владеење на СДСМ и 12 години на нашиот градоначалник Зоран Дамјановски, мислам дека граѓаните ќе размислат и ќе знаат за кого да гласаат на следните локални избори. Затоа што гледаат како работи СДСМ и нашиот градоначалник„, – додаде Божиновска.
Советничката е една од стотината кумановци кои во изминатите 15 дена се здобија со скршеници по телото откако паднаа на заледените улици и тортоари што побарале помош во Кумановската болница.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk