Советник на ВМРО-НП премина во ВМРО-ДПМНЕ

09.02.2012 14:47 | KumanovoNews

 Советникот од ВМРО-НП Миле Јакимовски денеска и официјално премина во редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Својата одлука Јакумовски лично им ја соопшти на колегите советници на денешната седница на Советот.

Советник на ВМРО-НП премина во ВМРО-ДПМНЕ

И покрај тоа што беше соопштено во јавноста, должност ми е да да ви соопштам дека од оваа седница ќе се приклучам на политичката група на ВМРО-ДПМНЕ и колалицијата.Во иднина ќе работам заеднички со нив во интерс на граѓаните и на гласачите што ме избрале. Во наредниот период ќе имам една друга улога ќе се префрлам во опозиција. Посакувам успех на позицијата, а ние како опозиција ќе бидеме конструктивни за да помогнеме во развојот на Куманово- изјави Јакимовски.

  Јакимовски беше истовремено и заменик директор во ЈП „Чистота и зеленило„ па се очекува деновиве да биде сменет од функцијата.

 По неговото обраќање, новите колеги го наградија со аплауз.

Со новиот распоред на силите советниочката група на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува на 10 члена, СДСМ има 11, додека останатите 12 советника се од партиите ТМОРО-ВЕП, НСДП, ЛДП,назависни кандидати, ДПА, ДУИ и НД.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk