Советникот на ГРОМ ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

15.07.2022 12:42 | Сузана Николиќ

Советникот Марјан Каранфиловиќ од партијата ГРОМ, на последната седница на Советот на Општина Куманово објави дека не е повеќе  дел од коалцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Советникот на ГРОМ ја напушти коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ

„Согласно одлуката на Централниот одбор на ГРОМ ве известувам дека повеќе не сум член на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, но независно од тоа сите предлог-одлуки, кои ќе бидат во интерес на граѓаните ќе бидат подржани од моја страна“, кажа Каранфиловиќ од говорницата на почетокот на седницата.

Тој на локалните избори беше на 6 место како предлог на ГРОМ на листата на советници на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

По ваквиот развој на настаните во Советот, СДСМ има 10 советника, „За наше Куманово“ 8, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 6, ДУИ 4, Алијансата на Албанците и Алтернавива двајца, Беса, Левица и ГРОМ по еден.  

Владеачкото мнозинство во Советот има 18 советника.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk