Советникот на Левица спие на седниците, а на неговата партија и пречат неопходните вработувања во „Водовод“, обвини „За Наше Куманово“

30.03.2023 22:17 | Сузана Николиќ

Здружението „За Наше Куманово“  го обвини советникот на Левица дека не е заинтересиран за работата во Советот, додека на неговата партија и пречи одлуката за нови вработувања во ЈП „Водовод“.

Советникот на Левица спие на седниците, а на неговата партија и пречат неопходните вработувања во „Водовод“, обвини „За Наше Куманово“

„Додека советникот од политичката партија Левица ЛО Куманово, Никола Лазаревски, делува целосно незаинтересирано или спие на седниците на Советот на Општина Куманово, не доаѓа на координациите, не учествува во работата на комисиите на Советот, а за што истиот е платен со пари од граѓаните, на политичката партија Левица - ЛО Куманово и пречат најнеопходните вработувања на квалификуван дефицитарен стручен кадар за непречено функционирање на јавното претпријатие  "Водовод" - Куманово, кои беа детално образложение од страна на в.д. директорот Оливер Стојмановски на 22-та седница на Советот на Општина Куманово.

Јавните претпријатија и приватниот сектор се повеќе се соочуваат со недостаток од квалификуван стручен кадар, поради енормното иселување на квалификувани работници од нашата земја во странство, а најмногу поради ваквото неодговорно однесување од носители на јавни функции и народни избраници“, стои во соопштението на „За Наше Куманово“ .

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk