Советот ќе одржи седница, на дневен ред седум точки

27.04.2021 10:35 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи педесет и петтата седница. На дневен ред се 7 точки, а ќе се расправа за кварталниот извештај на буџетот, како и префрлање на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово.

Советот ќе одржи седница, на дневен ред седум точки

Дневен ред

1. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2021 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце - Куманово,

2. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп,

3. Предлог – Одлука за давање на согласност за обезбедување на дополнителни средства од Буџетот на Општина Куманово, за ко-финансирање на градежни активности за реконструкција на поранешен Хотел „СОЛУН“, наменети за засебна сметка на проектот „Заедничка историја и култура - Мост преку границите”,

4. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2021 година,

5. Предлог – Одлука за префрлање на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година,

6. Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на Липковска Река во КО Лопате вон г.р. – Општина Куманово за дел кој се наоѓа вон опфат на УПВНМ, м.в. Шамак КО Опае – Општина Липково;

7. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово - член на Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Толи Зордумис‘‘ – Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk