Советот ќе расправа за ослободување на угостителите од комунална такса за терасите додека трае коронакризата

30.06.2020 07:33 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се 9 точки, меѓу кои финансиското работење на јавните претпријатија „Куманово-план“ и „Пазариште“.

Советот ќе расправа за ослободување на угостителите од комунална такса за терасите додека трае коронакризата

Советниците ќе расправаат и за предлогот за ослободување на угостителите и другите правни субјекти од плаќање на комунална такса за летни бавчи и просторот пред објектите додека трае коронакризата, како и предлогот за издавања под концесија на објектот на поранешната караула во селото Длабочица.

           Дневен ред

1.   Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.01.2020 – 31.03.2020 година;

 2.   Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Март 2020 година;

 3.   Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

 4.   Извештај за реализација на Програма на културни манифестации во Општина Куманово за 2019 година;

  5.  Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висина на комуналните такси;

   6.  Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за комунален ред во Општина Куманово;

   7.  Предлог – Одлука за давање согласност за аплицирање на Јавен повик за изработка на техничка документација од страна на Фондот за техничка документација при УНДП, објавен и финансиран од страна на УНДП и Кралството Шведска;

   8. Предлог – Одлука за давање на согласност недвижни ствари на Општина Куманово да се дадат под закуп по пат на електронско јавно наддавање;

  9.  Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари, сопственост на Општина Куманово, на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk