Советот даде согласност Куманово да се збратими со Бања Лука

13.03.2019 10:34 | KumanovoNews

 Советот на Општина Куманово донесе одлука  Куманово да се збратими со Бања Лука, Босна и Херцеговина.

Советот даде согласност Куманово да се збратими со Бања Лука

Предлогот доби подршка од 23 советници.

Дел од советниците побараа Куманово да се збратими и со градови од другите држави, како што се Албанија и Косово, а имаше предлог и за град од Хрватска.

Од Секторот за евроинтеграции ветија дека ќе се направи напор во наредниот период покрај покрај со балканските земји да се оствари соработка и со градови од европските земји.

 Куманово и Бања Лука потпишаа меморандум за соработка во 2012 година од тогашните градоначалници Зоран Дамјановски и Слободан Гаврановиќ, откако градовите станаа членки на Балканската мрежа на градови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk