Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради пропусти во предходната одлука, Советот на Општина Куманово, утре на вонредна седница, повторно ќе расправа за давање согласност за ставање под хипотека на дел од затворениот базен и парастос салата на Градските гробишта.
Имено, одлуката којашто беше изгласана на минатата седница не била усогласена со Министерството за финсии, а јавното претпријатие до УЈП доставило погрешен имотен лист.
„Вчера добивме мислење од Министерството за финасии дека тие не се надлежни да дадат согласнот за ставање под залог на општинскиот имот, поради што ќе треба да се усогласиме по одредени точки од Законот за јавен долг. Втората работа е поради тоа што ставање под залог на салата на парастоси е на заеднички имотен лист со капелата, а од УЈП инсистираа да се разделат. Во изминатите неколку дена таа работа е завршена и направена е исправка на катастарската парцела,- изјави градоначалникот Зоран Дамјановски, на чија иницијатива се одржува седницата.
Градоначалникот ги повика советниците да дадат подршка на предлогот, за повторно да се изгласа одлуката.
Претседателот на Советот Александар Арсиќ рече дека советниците ќе имаат можност денеска попладне да ги разгледаат матерјалите за утрешната седница и да дадат свој придонес кон разрешување на проблемите во јавното претпријатие, за да може да се врати долгот кон УЈП.
„Ние ќе одржиме утре седница за да нема сомневање дека некоја институција, па и Советот на Општина Куманово, е пречка работниците да земат плата и граѓаните да се соочот со смет по улиците. Целта на советот е да се откочат сите проблеми кои се јавуваат во интерес на претпријатието и граѓаните,- изјави Арсиќ.
Подршка за одржување на седницата денеска дале сите координатори на советничките групи, но се очекува утре да има бурна расправа, бидејќи на минатата седница советниците на опозицијата предводени од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата и не гласаа за предлогот.
Седницата ќе започне утре во 10 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk