Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржат последната седница, по што им престанува мандатот. Новиот советнички состав ќе се конституира по завршување на локалните избори на 17 октомври, за кои во тек е предизборна кампања.
Советниците ќе расправаат по 4 точки, кои се однесуваат заа финансиското и деловно работење на едно јавно претпријатие и една јавна установа.
Дневен ред
1. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.04.2021 – 30.06.2021 година;
2. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2022 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
3. Годишен извештај за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“ - Куманово за учебната 2020-2021 година;
4. Годишна програма за работа на ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“ - Куманово за учебната 2021-2022 година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk