Советот во живо на ТВ Плус

22.01.2016 10:47 | KumanovoNews

 Локалната телевизија Плус денеска започна со пренос на седницата на Советот на Општината Куманово.

Советот во живо на ТВ Плус

Ова е првпат во историјата на советот и на медиумите, телевизиски да се врши пренос во живо на работата на членовите во локалниот законодавен дом.

Одлуката за пренесување на седниците на една од локалните телевизии советот ја донесе уште пред неколку години, но поради технички пречки на медиумите досега не беше реализирана. Минатата година седниците беа снимани, па одложено се пуштаа на сајтот на општината Куманово.  

Со пренесување во живо на Советот ќе се зголеми транспарентноста и граѓаните ќе имаат увид што работата членовите на советот.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk