Современ спортско-рекреативен комплекс во Студена вода, најави Ѓорѓиевски

11.10.2017 13:32 | KumanovoNews

Изградба на спортско-рекреативен комплекс во местото Студена вода, најави кандидатот за градоначалник на Куманово од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски, доколку победи на локалните избори.

Современ спортско-рекреативен комплекс во Студена вода, најави Ѓорѓиевски

„Посебно ми е чест што на овој ден сме на локација од каде што тргна Козјачкиот партизански одред, да го најавиме нашиот проект за изградба на спортско-рекреативен центар Студена вода. Меѓу првите работи што ќе ги направиме ќе биде реконструкција на овој споменик, биддејќи овој датум е многу значаен за Куманово. Овој споменик кој е запоставен од предходната локална власт ќе изгледа достоинствено за да ги потсетува кумановци за времето кое поминало и за луѓето кои ги дадоа животите за слободно Куманово“, - изјави Ѓорѓиевски.

Проктот предвидува на 10 хектари површина да се изградат мулти-функционални игралишта, пешачки и велосипедски патеки, угостителски објекти, осветлување на терените, а шумскиот појас со површина од 25 хектари, ќе биде посебно уреден за да кумановци  имаат чист воздух.

„Исто така да најавиме, во нашата програма за младите и спортот, предвидуваме логистика и помош за сите масовни спортски организации и училишен спорт, училишна  олимпијата, бизнис лига и итн. Сите клубови кои ќе имаат префикс Куманово ќе бидат спонзорирани и помогнати заради омасовување на спортот во општината“, - додаде Ѓорѓиевски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk