Спасени 30 луѓе од завеани автомобили на стариот пат Куманово-Скопје

07.01.2017 13:55 | KumanovoNews

Триесетина патници синоќа биле извадени од нивните автомобили завеани со снег на стариот пат Куманово - Скопје, помеѓу кумановските Ново Село и Љубодраг.

Спасени 30 луѓе од завеани автомобили на стариот пат Куманово-Скопје

Меѓу патниците било и петгодишно дете со висока температура и неколку повозрасни лица од кои тројца премрзнати. Патниците останале завеани во 16 коли уште во попладневните часови, а по неколку саати поминати на отворено побарале помош од надлежните институции, пренесува СДК.мк.

„Акцијата за спасување започна околу 19 часот а заврши околу 20.30 часот. Сите патници безбедно беа извадени и си заминаа дома. Патот во текот на денот беше два пати чистен, но на тој дел е рамнина и постојано има навеви од снег. Одржувањето е во надлежност на „Македонија пат„, но ние излеговме во пресрет да го исчистиме за да им помогнеме на луѓето, - изјави Горан Стојановски, раководител во ЦУК  Куманово.

Вистинска драма се одвивала при акцијата за спасување, кога машината што пристигнала да го расчисти снегот се заглавила во него. Поради тоа била повикано возило на протовпожарната единица од Куманово, која со сајли го извлекла од навевот. Дури потоа почнало расчистувањето и вадењето на автомобилите и патниците. Волонтери на Црвен крст им деле на луѓето кебиња и храна, а они што не се чувствувале добро укажана им е лекарска помош.

Во акцијата покрај Центарот за управување со кризи се вклучил и Општинскиот кризен штаб од Куманово, Црвениот Крст, Територијантата противпожарна единица и Брза помош.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk