Спасов посети приватна ординација

25.04.2016 11:58 | KumanovoNews

Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, денеска во Куманово посетија стоматолошка ординација, која е отворена преку владините проекти за вработување.

Спасов посети приватна ординација

„Сакам да ги повикам сите навработени лица, коишто имаат вештини и идеја за основање на сопствена компанија, да ја искористат оваа мерка и да аплицираат на огласот кој е во тек. Имаме грант за самовработување со неповратни сретства од 25000-300000 денари, можат да аплицираат до 30 април и да ја искористат“, - рече министерот Спасов.

Сопственичката на ординацијата Емица Младеновска Спасиќ, работи неполни две години и ја има искористено мерката за самовработување и вработување на лице до 29 години.

„Втората мерка е стоматолошката сестра што работи кај мене во ординацијата. Задоволна сум од проектот, и го повикувам сите кои што се заинтересирано да се пријават на конкурсот кој што е во тек“-, изјави Младеновска Спасиќ.

„Денеска сме во Куманово на уште една промоција на мерките кои ги нуди владата, за лекување на најголемата болест во Куманово, невработеноста. Да ја искористам шансата да кажам дека во просториите на поранешен Медицински центар се уште има слободни ординации, без разлика дали се општи лекари, стоматолози, доколку се охрабрат има простор да можат да почнат со сопствен бизнис“,- изјави пратеникот Зоран Ѓорѓиевски.

Преку проектот на владата досега се формирани над 7.800 бизниси, од нив над 73 проценти се уште опстојуваат и вработуваат нови луѓе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk