Спасовски: Ќе има едноцифрен број на невработени, како некогаш во Југославија

12.07.2020 19:12 | KumanovoNews

„Следниот чист мандат го посветуваме на економијата. Нашата цел е едноцифрена бројка на невработеност, тоа било само во Југославија и ќе биде денес, рече   носителот на листата на СДСН во ИЕ2 Оливе Спасовски,  на трибина во Куманово.

Спасовски: Ќе има едноцифрен број на невработени, како некогаш во Југославија

„Денар не беше даден за Куманово за 10-годишниот режим. Успеавме да решиме многу инфраструктутни проблеми, ги рекоструиравме сите патишта во оваа ИЕ 2. Ова е разликата меѓу нас и режимот. Ние градиме. Градиме и пријателства и мостови, градиме и во земјата.

Новата програма е поставена на:  нова развојна економија, здравствен систем според потребите на граѓаните, ред, дисциплина и правда, Македонија - еко држава и Ако можевме во НАТО, можеме и во ЕУ“ рече Спасовски.

Тој најави до 20.000 минимална плата, до 34.000 просечна плата, 600 милиони евра поддршка за компаниите, една милијарда евра странски инвестиции, повискоки пензии, поголема поддршка за младите, за европски животен стандард, дома.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk