Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Генералниот секретар на СДСМ и носител на листата во втората изборна единица Оливер Спасовски, побара мандат од граѓаните за развој на Куманово.
„Јас и сите овие кандидати што стојат зад мене бараме мандат да се избориме за Куманово, да му го вратиме сјајот на Куманово. Да донесеме пари од буџетот на државата во Куманово. Да донесеме многу работни места за обесправените млади кумановци. Затоа ја бараме подршката од граѓаните, да направиме историска победа и да се одолжиме на сите граѓани на општината Куманово. Да покажеме дека Куманово е срцето на Македонија, таму каде што се создала Македонија. Куманово мора да го развиваме. Затоа ве повикам сите заедно и да се сплотиме, да се соединиме да ја направиме Македонија каква што ја посакауваме. Да се спротивставиме на поделбите и на инаети, - рече Спасовски во синоќешното обраќање пред граѓаните кај Мај маркет.
Коалицијата на СДСМ вечерва во 19.30 часот ќе одржи Конвенција за претставување на кандидатите во Втората изборна едница во Центарот за култура.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk