Спасовски: Да заокружиме „за“ за нашата иднина

25.09.2018 10:19 | KumanovoNews

Секој глас „за“ носи повеќе странски инвестиции и повеќе фондови, повисоки плати, нови работни места, влог во инфраструктурата, посочи членот на надзорниот одбор на СДСМ, Марјан Спасовски.

Спасовски: Да заокружиме „за“ за нашата иднина

Тој истакна дека Македонија со влегување во Европската унија добива можности за развој, кој ќе придонесе државата да го фати текот со светот.

- Сите држави кои се членки на овие организации имаат нагорен раст на економијата. Со влегувањето во НАТО и ЕУ нашата држава станува сигурен партнер во кој останатите држави ќе сакаат да инвестираат и да вложуваат-нагласи тој.

Спасовски ги повика сите граѓани масовно да излезат на 30. септември и да гласаат „за“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk