Спасовски ги повика кумановци да бидат присебни, бидејќи нема простор за паника

03.04.2020 20:38 | KumanovoNews

 Премиерот Оливер Спасовски вечерва упати апел до кумановците да останат присебни во овие моменти, нагласувајќи дека нема простор за паника заради полицискиот час.

Спасовски ги повика кумановци да бидат присебни, бидејќи нема простор за паника

- Апелирам до граѓаните на Куманово навистина да бидат присебни во овие моменти, нема простор за паника, мерката е за викендов и нема потреба дополнително да се изложиме на ризик и да се излегува и купува во маркети, два-три дена може да поминеме во изолација, - изјави Спасовски.

 Премиерот посочи дека одлуката е донесена врз основа на мислења на стручни луѓе од Комисијата за заразни болести, односно по препорака на епидемиолозите.

- Ова е тешка, рестриктивна одлука, но неминовна да се донесе за да го спасиме животот и здравјето на граѓаните и да го пресечеме патот на ширењето на вирусот, - кажа Спасовски.

Една од причината за донесување на одлуката за продолжен полициски час е поради тоа што граѓаните не ги почитуваа мерките на Владата за социјалната дистанца, која особено се крши во деновите за викенд.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk