Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2, од Куманово порача дека граѓаните ќе бидат контролори на трошењето државни пари, а правдата ќе биде достапна за секого.
Во Планот за живот во Македонија клучните пораки се дека ќе има контрола врз власта и дека ќе има правда за сите. Граѓаните ќе бидат контролори на трошењето државни пари, а правдата ќе биде достапна за секого, рече Спасовски.
- Буџетските трошења ќе бидат достапни за сите граѓани. Секој граѓанин ќе биде контролор на власта. Секој граѓанин од својот компјутер ќе може да следи како и за што се трошат парите од буџетот. Сегашната состојба на криење на државните долгови ќе стане минато бидејќи криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело. За да ја вратиме правдата, за никогаш повеќе да нема „Сваровски“ судство ќе направиме целосен реизбор на судии со што ќе се евалуира целокупната работа на сите судии во Македонија. Веднаш по формирањето на новата влада ќе го продолжиме мандатот на специјалното јавно обвинителство за целата криза да добие правна разрешница. Граѓаните мора да имаат контрола на власта. Граѓаните мора да имаат еднаков пристап до правда. Граѓаните заслужуваат независно судство и отчетни институции - рече Спасовски.
Тој нагласи дека Планот за живот во Македонија ќе ги врати правдата и институциите назад кај граѓаните.
Затоа на 11 декември граѓаните масовно ќе дадат поддршка на нашиот план, бидејќи помина времето на судии од нечиј тефет и помина времето на затворени институции. Граѓаните решија - сакаат правда и живот овде, во Македонија - нагласи тој.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk