Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Премиерот Оливер Спасовски и на министерот за здравство Венко Филипче, излегуваат од 14 дневна изолација откако денес ги добиле резултатите од вторите тестови, кои исто како и првите им се негативни на коронавирусот.
На својата Фејсбук страна Спасовски порачува дека е исклучително важно сите до еден целосно да ги почитуваат мерките и препораките, и дека тоа е единствениот начин за придонес за јавното здравје за да се создадат услови наскоро да се врати животот во новата нормала.
Покрај Спасовки и Филипче, во самоизолација беа и вицепремиерот Бујар Османи и министерот за образование Арбер Адеми, откако беа на состанок со кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој имаше позитивен тест на КОВИД-19.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk