Спасовски: На 27 април бевме подготвени да ги дадеме животите за слободата на државата

12.10.2019 13:50 | KumanovoNews

До пред години се боревме  да се избориме за слободата и демократијата во Македонија и на 27 април во Собранието покажавме дека сме подготвени да ги дадеме животите за слободата, истакна потрпетседателот на СДСМ Оливер Спасовски, на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Куманово

Спасовски: На 27 април бевме подготвени да ги дадеме животите за слободата на државата

Денеска со успех констатираме дека таа слобода и демократија ја имаме, но сега е моментот чесните и клучни луѓе да ги победат арамиите, кои 11 години ја држеа земјата во темнина, додаде Спасовски.

Таа битка не смееме да ја изгубиме, рече Спасовски на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Куманово, додавајќи дека таа битка се покажува на дело секој ден низ неселективна паравда и транспарентни постапки и секој еден што се огрешил пред законот се изведува пред лицето на правдата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk