Спасовски најави помош за малите и средни претпријатија

04.12.2016 14:48 | KumanovoNews

Носителот на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ од Втората изборна единица Оливер Спасовски и кандидатите за пратеници денеска во Куманово презентираа мерки од програмата наменети за развој на малите и средни претпријатија во висина од 140 милиони евра.

Спасовски најави помош за малите и средни претпријатија

- Наместо пропаднати проекти, СДСМ преку „Планот за живот во Македонија“ нуди вистинска и суштинска помош за малите и средни претпријатија. Домашните претпријатија се моторот на целокупната економија и затоа се обврзуваме на државна помош во висина од 140 милиони евра наменети за малите и средни претпријатија, рече Спасовски.

Најдобрите бизнис идеи, како што појасни, ќе бидат поддржани со 10.000 евра неповратни средства и нагласи дека во програмата е опфатена мерка со која се овозможува отворање на фима со основачки капитал од само едно евро.

Најави и отворање на старт-ап центри каде што новите фирми ќе користат бесплатен простор и правни и сметководствени услуги, а, како што посочи, ќе ги преполоват казните и ќе ги вратат опомените.

Спасовски рече дека домашните компании се двигателот на економскиот раст и додаде дека ќе создадат респектабилни фирми кои ќе го движат растот на економијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk